Кирацовски: Наместо пласирање политички ставови, учесниците на расправата за законот за ЈО да се насочат кон аргументирани дискусии

Потенцира дека е време е сите политички субјекти да сфатат дека иднината на граѓаните е најважна и да престанат да го штитат криминалот во своите редови.

Неопходно е јавно и без кулиси да се стават сите аргументи пред граѓаните и да се расчистат перцепциите, кој е за правна држава, а кој е за држава, во која се игра според правилата на криминалците, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за политички систем, Александар Кирацовски пред почетокот на јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

Апел до сите учесници во јавната расправа наместо пласирање теснопартиски и политички ставови да се насочат кон плодни и аргументирани дискусии, кои ќе дадат јасна анализа и оценка на предложеното законско решение, упати Кирацовски.

Нагласи дека со законското решение се подобрува системот за борба против криминалот и корупцијата, одговорноста на обвинителите, брза и ефикасна истрага и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата.

– Секое договарање и амнестирање за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и штети на државата, затоа што со тоа се загрозува евроатлантската перспектива и довербата на граѓаните во правосудниот систем, рече тој и нагласи дека политиката треба да остане надвор од јавното обвинителство и обвинителите и да се остави простор за независно, стручно и објективно постапување. Сето тоа може да се постигне, додаде тој, ако се донесе законот за ЈО.

Потенцира дека е време е сите политички субјекти да сфатат дека иднината на граѓаните е најважна и да престанат да го штитат криминалот во своите редови.

– Општиот впечаток е дека досега во јавноста одговарале само Амди Бајрам, Соња Николовска од ТАТ и човекот со ќебапите, додаде Кирацоски и рече дека кај нас со сите случувања и последните со СЈО се остава впечаток дека криминалците од врвен ранг можат да го најдат патот до слободата.

Предлог-законското решение се уште не е во собраниска процедура, а според Кирацоски можно е утре или следните денови тој да биде доставен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот