Кирацовски: Џафери веднаш да свика седница за разрешување на Мизрахи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски.

Ова денеска преку Фејсбук го порача пратеникот од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски.

– Штом од Владата на предлог на актуелниот технички премиер се бара разрешување на актуелната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш!, напиша Кирацовски на Фејсбук.

-Мислам дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, додаде Кирацовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот