Кира Најтли: „Никогаш повеќе нема да се соблечам пред машките режисери, немам потреба да ме гледаат гола сите тие…“

profimeadia

Холивудската актерка Кира Најтли (35) во подкастот „Chanel Connects” говореше за односите на филсмкиот сет и идните соработи за филмовите.

Имено, таа во духот на движењето „MeToo“, кое е многу актуелно во светот изјави дека не сака повеќе да се соблекува пред машките режисери.

„Пред машки режисери на сетот и за потребите на филмовите повеќе никогаш нема да се соблечам и да снимам секс сцени. Не се чувствувам веќе пријатно во тоа опкружување“, изјави актерката која е омажена за музичарот Џејмс Рајтон (37).

Фото: Профимедиа

Таа вели дека веќе подолго време чувствува дека тоа е правилен потег. Актерката додаде дека сексуалноста на филмот е многу важна, но таа повеќе не сака да снима класични, тврдоглави секс сцени кои се непријатни за актерите, а режисерите уживаат во нив.

„Тоа е и дел од мојата суета. Родив две деца и навистина немам потреба да ме гледаат гола сите тие машки погледи“, додаде таа.

„За потребите не некој филм и уметноста можеби би го направила тоа, но тој филм би морало да го режира жена, денес не сум повеќе сигурна кој е натрапник, а кој не“, заклучи актерката и додаде дека движењето „MeToo“ е многу важно за сите жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот