Кира Најтли: Не познавам жена што не била жртва на сексуално вознемирување

instagram

Актерката Кира Најтли изјави дека секоја жена што ја знае била жртва на некаква форма на сексуално насилство, независно дали станува збор за сексуално вознемирување, покажување на гениталиите или физички напад…

Во интервју за „Harper’s Bazaar“, 36-годишната актерка ја нарече ситуацијата „е*ено депресивна“.

„Буквално, не знам некој што не бил нападнат, на било кој начин, дали е тоа сексуално вознемирување, покажување на гениталиите или некој тип што ти се заканува дека ќе ти го исече вратот или ќе ти удри бокс, што и да е, сите биле жртви“, рече Најтли.

profimedia
Profimedia

Ѕвездата позната по нејзините улоги во „Пирати од Карибите“ и „Гордост и Предрасуди“, објасни дека по убиството на Сара Еверард во Март, кога жените почнале да зборуваат за сите видови на претпазливо однесување што ги преземаат, како држење клучеви во рака, неносење слушалки ноќе, преправање дека зборуваат на телефон, откри дека и таа го прави истото.

„Кога почнаа жените да прават листи од видовите на претпазливо однесување што го преземаат кога пешачат кон дома ноќе за да се осигураат дека се безбедни, си помислив, ги правам сите овие нешта, а не ни помислувам“, соопшти актерката.

Анкета од „UN Women UK“, покажа дека повеќе од 70% од анкетираните жени имаат искусено сексуално вознемирување во јавен простор. Според новата анкета објавена во март 2021, бројките пораснале на 97% помеѓу жените на 18-24 возраст, пренесува „CNN“.

profimedia
Profimedia

Актерката рече дека ја цени Баронката Џени Џоунс, „life peer“ во Куќата на лордови, која предложи полициски час кој би започнувам од 18 часот и би важел само за мажите.

Мажите беа многу бесни од предлогот, тогаш си помислив – но, има и отсекогаш имало полициски час за жените“, објасни актерката.

Името, таа зборуваше за ситуација во која била вознемирувана од „самотник странец“ кој извикал „Дали одиш во ова училиште? Изгледаш многу млада“ и ја следел неа и новинарката Лидија Слејтер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот