Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Кипар го презема ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ

На Нова Година, Кипар, една од најмалите членки на Унијата, го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ од Данска.

Поделената островска држава во источниот Медитеран со население од нешто помалку од еден милион, која е членка на ЕУ од 2004 година, ќе го одржи претседателството со Советот на ЕУ по втор пат во првите шест месеци од оваа година, а Ирска ќе го преземе во втората половина од годината.

Кипарскиот претседател Никос Христодулидес објави дека приоритетите на претседателството ќе бидат зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, почнувајќи од одбраната и безбедноста до енергијата, конкурентноста, миграцијата, достапното домување, како и приближувањето на Унијата кон Блискиот Исток и Источниот Медитеран.

Приоритетите вклучуваат и континуирана поддршка за Украина, договор за седумгодишниот буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година и проширување.

-Автономната Унија е онаа што е силна одвнатре, способна, пред сè, да ги заштити своите граѓани, своите граници и своите интереси. Унија што е способна да создава партнерства и сојузи од позиција на сила, целосно свесна дека колку е посилна, толку повеќе вредна станува за своите партнери. Унија што е свртена кон надвор и отворена кон светот – рече кипарскиот претседател Христодулидес при презентирањето на програмата на претседателството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот