Кинезите нудат милиони за политичкото училиште во Кумровец

Кинеската компанија „Зонгија недвижности“ му понуди на хрватското Министерството за државен имот да го купи хотелот „Загорје“, поранешното политичко училиште во Кумровец.

Наместо бараните 1,6 милион евра, тие понудија речиси 2 милиони евра, а за понудата набргу се очекува одлуката на владата, известија во вторникот од тоа Министерство.

Хотел „Загорје“ е, всушност, поранешно политичко училиште во Кумровец, кое има површина од речиси 27 илјади квадратни метри и е во државна сопственост. Интерес за имотот покажа неодамна кинеската претприемачка Џијанг Ју, која повеќепати беше во Кумровец и изрази желба училиштето да го претвори во хотел, како и други идеи за создавање спомен-парк на Јосип Броз Тито во тоа место во Хрватско Загорје.

Токму таа стои зад компанијата што ја достави понудата за купување на хотелот „Загорје“, а како што истакнуваат од Министерството, тоа беше единствената целосна и валидна понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот