Кинеските пензионери протестираат против намалувањето на медицинските бенефиции

Кина пензионери/ Фото EPA/Qilai Shen

Стотици пензионери излегоа денеска на улиците на кинеските градови Вухан и Далиан за да протестираат против кратењето на медицинските бенефиции, јавува Ројтерс, цитирајќи објави на социјалните мрежи.

Во Вухан, централна Кина, видеата објавени на социјалните мрежи покажаа стотици главно постари луѓе надвор од централниот парк Жонгшан во градот.

Едно видео од Вухан, кое Ројтерс го потврди, покажува демонстранти како се тепаат со униформирани чувари. Британската агенција не беше во можност да ги потврди снимките од Далијан и некои други од Вухан, кои беа широко споделени на социјалните мрежи.

Пензионерите протестираа против локалните реформи, вклучително и неодамнешното намалување на месечниот медицински додаток за пензионерите од 260 јуани (38 долари) месечно на 83 јуани (12 долари), според жителите на Вухан.

Некои пееја песни, меѓу кои и Интернационал, кој е популарен на протестите во Кина, додека други протестот го снимија со своите телефони, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот