Фото: Профимедиа

Кинески медиуми: СССР и ден денес би биле светска сила

Советскиот сојуз, доколку продолжеше да постои, денес ќе беше светска сила која не прави отстапки за Соединетите Американски Држави, пишува кинескиот весник „Фенгхуанг ванг“.

Според мислењето на авторот на текстот, дури и без прогресот во науката и технологијата, СССР би останале најсилната држава во светот.

Анализирајќи ја состојбата на СССР во моментот на распаѓањето, „Фенгхуанг ванг“ истакнува дека таа држава би била втора најголема економија на светот. Военото производство би сочинувало значаен дел од индустријата, па Советскиот сојуз, благодарение на својата воена сила, доколку би било потребно би можеле да извршат силен притисок врз САД.

Авторот смета дека современа Русија, по многу показатели, заостанува зад Советскиот сојуз. Без оглед на тоа, таа како и претходно, е втора глобална воена сила и води сопствена политика во многу различни земји во светот.

Како што се наведува, доколку СССР и понатаму би постоеле, САД најверојатно би биле „помирни во нивните провокации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот