Кина испрати вселенско летало на темната страна на Месечината: Забележана непозната материја

Фото: Принтскрин

Кинеската мисија на Чанг е-4 е првото вселенско летало кое се спушти на спротивната (темна) страна на Месечината за да го проучи слојот помеѓу кората и јадрото на Месечината.

Роверот на месечината е спуштен со робот Yutu-2, првиот кој се користи за истражување на темната страна на месечината.

Досега споменатиот робот веќе давал увид во фактот како составот на површината на месечината е поинаков од оној каков што се очекувало, пренесува „Скај Њуз“.

Сега роверот во најновата „прошетка по површината на Месечината откри извесна материја во еден од бројните кратери со земјен сателит.

Член на мисијата на земјата ги проучува фотографиите кои роверот ги снимил кога била откриена непозната материја.

Yu-Tu 2 требало да продолжи понатаму, но членовите на мисијата пред тоа одлучиле да ја испитаат супстанцата пронајдена на површината.

На нивната интернет страница може да се прочита како „обликот и бојата на материјата се значително поинакви од околната лунарна површина“.

Кина допрва треба да ги сподели фотографиите од пронајдената материја, додека засега објавија само слика од роверот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот