Кијану со нова улога во адаптација на бестселерот „Ѓаволот во белиот град“: Ривс, Дикаприо и Скорсезе како продуценти
Кијану Ривс ќе глуми во телевизиска адаптација на бестселерот „Ѓаволот во белиот град“. Мартин Скорсезе, Ривс и Леонардо Дикаприо се спомнуваат како продуценти на ТВ-серијата, според „ИМДБ“.
Препорачано
View this post on Instagram
Ривс ќе го толкува ликот на архитектот Даниел Бурнам, кој се обидува да испише историја со своите проекти, додека во градот се случуваат мистериозни убиства. Стрим-платформата „Хулу“ ја подготвува серијата со ограничен број епизоди.
View this post on Instagram
Романот на Ерик Ларсон за „Замокот-убиец“, со приказна сместена на крајот на 19. век, беше објавен 2003 година. Холивуд подолго време е заинтересиран за негова филмска адаптација. Во 2010 година, Леонардо ди Каприо ги стекна правата – со замисла да ја одигра улогата на негативецот Холмс, под режисерската палка на Мартин Скорсезе.
View this post on Instagram
Во соопштението на „Хулу“ засега не се наведува улогата на Ди Каприо, ниту пак е наведен датумот на издавање на оваа серија.


