Кичеец влезе во затворот во Струга

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Зоран Милевски Кичеец пред околу еден час денеска влегол во затворот во Струга. Тој неодамна доби упатен акт со денешен датум, по што утринава самиот пристигнал во затворот, пишува „Фокус“.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдил Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.

Тој додава дека Милевски одреден период ќе биде во приемното одделение, за да се одреди каде ќе биде сместен, но и поради протоколот за ковид-19.

Бидејќи затворот во Струга е од отворен вид, многу е веројатно Кичеец само две недели да биде по 24 часа во затворот, а потоа доколку е работно ангажиран, да му биде дозволено да оди на работа, а по завршувањето на работното време повторно да се враќа во ќелија.

На осудениот Милевски му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор (прво во затворот „Скопје“, а потоа во домашен), период кој влегува во пресметувањето на казната.

Тој на 15 јули 2019 година, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, беше уапсен како осомничен во истрагата за „Рекет“, која тогаш ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот