Фото: MЗТ Скопје

КФМ му ја одзема победата на МЗТ против Ангелиј, настапил кошаркар кој немал право

МЗТ Скопје остана без победата против Ангели и покрај убедливиот триумф на теренот (78-55), откако Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) одлучи натпреварот да биде поништен и службено да се регистрира со 20-0 во корист на противникот. Причината е административен пропуст на „аеродромци“ при составувањето на пријавната листа за мечот од третото коло во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Како што соопшти КФМ, МЗТ Скопје на натпреварот вклучил играч кој не бил пријавен за настап. Станува збор за Оливер Двојаковски, кој иако не одиграл ниту една минута, влегол на теренот во првата четвртина, пред официјалните лица да забележат дека не е запишан во записникот.

Со тоа, МЗТ Скопје го губи мечот службено со 0-20 и нема да го добие ниту бодот што обично му следува на поразениот тим, што практично значи дека ќе им бидат впишани два порази.

„За пропустот на КК МЗТ Скопје, при кој во игра бил вклучен играч кој не бил наведен на образецот НАТ-1, покрај одговорноста на делегатот (60.1) ќе биде применета и мерката – службена регистрација на натпреварот (20-0 во корист на противникот), при што екипата на МЗТ Скопје нема да добие бод, членови 33.6 и 61.8 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги“, се вели во соопштението на КФМ.

Федерацијата најави и серија санкции за официјалните лица. Делегатот на натпреварот ќе биде драстично казнет бидејќи дозволил Двојаковски да седи на клупата и дури да влезе во игра, иако не бил на пријавната листа. Четиримечна суспензија ќе следи и за делегатите на средбите Куманово – Феникс и Пелистер – Маџари, додека судиите на дуелот Кожув – Гостивар ќе бидат суспендирани на четири, односно два натпревари поради грешки што влијаеле врз исходот на мечот.

Преземено од: Спорт.ком.мкК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот