Македонија/КФМ

КФМ ги одреди градовите кои ќе бидат домаќини на Европското првенство ова лето

Кошаркарската федерација на Македонија претходно веќе потврди дека ќе бидеме домаќини на Европското првенство до 16 години од „Б“ дивизијат, а сега познати се и повеќе детали.

Како што информираа од федерацијата, покрај Скопје натпревари од првенството ќе се играат и во Гевгелија.

„Во насока на дополнителна промоција на кошарката и нејзино доближување до што поголем број љубители на спортот, Кошаркарската федерација донесе одлука ова првенство, за првпат, да се реализира во два града – Скопје и Гевгелија.

Досега, вакви и слични меѓународни настани традиционално се организираа во главниот град, но нашата цел е да ја прошириме кошаркарската енергија и во другите средини, истовремено овозможувајќи им на повеќе граѓани да бидат дел од едно големо европско спортско доживување.

Изборот на Гевгелија претставува можност овој град да се претстави во вистинско светло – како одличен домаќин, со својата спортска инфраструктура, гостопримство и организациски потенцијал.

Убедени сме дека, заедно со Скопје, Гевгелија ќе придонесе за успешно и достоинствено организирање на шампионатот на највисоко европско ниво“, соопшти КФМ.
На ова Европско првенство ќе учествува и Македонија, а ќе се игра од 5 до 16 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот