Ќерките на Карлеуша мета на закани на социјалните мрежи поради „Ѕвездите на Гранд“

Instagram

По дисквалификацијата на натпреварувачката Вања Кнежевиќ од српскиот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, малолетните ќерки на Јелена Карлеуша почнале да добиваат бројни закани и навреди на социјалните мрежи.

И покрај фактот дека ќерките на Јелена Карлеуша, 12-годишната Атина и 11-годишната Ника се само две малолетни девојчиња, бројни корисници на социјалните мрежи без двоумење пишуваат непристојни коментари под нивните семејни фотографии, нарекувајќи ги со низа погрдни имиња, а деновиве постојано стигнуваат и закани упатени кон децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Негативните коментари биле толку бројни, што Јелена морала да ја ограничи можноста за коментари на фотографиите со девојчињата. Од друга страна, многумина беа згрозени од овие одвратни коментари и ѝ дадоа поддршка на Јелена.

Јавноста веќе со денови ја коментира дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, изнесувајќи разни мислења на социјалните мрежи…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VANJA KNEŽEVIĆ (@knezevicvanja)

Имено, откако на својот инстаграм-профил Кнежевиќ сподели коментар од нејзин обожавател кој ја навредува Карлеуша, Вања беше дисквалификувана од шоуто, со одлука на продукцијата. Коментарот на нејзиниот обожавател следел по острата критика која Вања ја доби од Карлеуша, како и од остатокот од жирито.

Колку неправди треба да ми нанесат некои луѓе за да ги оправдаат своите постапки? Колку лаги ќе измислат за мене? Колку не сум им важна, а постојано пишуваат за мене. Пишуваат дека сум поддржала или одобрила нешто… Ајде, ве молам, испратете ми го тој коментар, таа приказна, во која Вања Кнежевиќ напишала дека ја одобрила таа содржина. На крајот на краиштата, сите коментираат, секој може да ги види коментаирте“, беше една од објавите на Вања на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Карлеуша е позната по својот остар став и речиси секогаш го има „последниот збор“ на повеќето јавни дебати. Па така, не се воздржа од коментар и за ситуацијата со Вања.

Престанете со овие лаги. Натпреварувачката беше дисквалификувана затоа што објави дека на жирито некој боксер треба да им ги разнесе главите! Каков начин е тоа? Ајде сега секој небитен нека се прослави вака??? Ако имате ментални проблеми, не сте за ваков вид на натпреварување, туку за третман! Секој што поддржува вакви будали нека пу*и к*. Вратете се во вашето село, таму глумете жртви“, напиша Јелена на својот инстаграм-профил.

По низата објави од Вања по дисквалификацијата, Карлеуша рече дека ќе поднесе тужба против неа бидејќи се чувствува загрозена. По целата драма, обожавателите на Вања не престануваат на кој било начин да ги навредат ќерките на Карлеуша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот