Керамичка приказна на Тања и Борче: Да се живее од работата за нас е многу повеќе од плаќање сметки и преживување

Освен материјалните работи, тоа што е многу поважни и неопходно за оваа работа е – трпение, желба за постојано учење, ослушнување на внатрешниот глас,  подготвеност да се прифатат порази, истрајност и најважното љубов.

Тања и Борче Богоевски се креатори на креативната приказна „Керакамика“. Идејата се родила многу одамна, уште додека биле на студии, честопати знаеле да фантазираат што би сакале да работат кога ќе го завршат факултетот и како да живеат исполнет живот, истовремено придонесувајќи за општеството.

Откако се запознале Тања и Борче, кои денес се сопружници, пред 15 и кусур години имале идеја рачно да изработуваат сè што ги опкружува. Велат дека сакале да им дадат едно поинакво значење и енергија на работите кои ги користат во секојдневието, верувајќи дека ако влијаат на нивното опкружување и надворешност, тоа ќе им помогне да се насочат повеќе кон ннивното внатрешно преобразување и работа на себе. А, откако сè тоа профункционирало совршено за нив, одлучиле да ги понудат своите изработки на сите околу нив, истовремено одржувајќи работилници за оние кои сакаат да го искусат процесот и магијата на рачната изработка. Ете, така започнало патувањето наречено Керакамика.

Може ли да се живее само од уметност во Македонија?

– Никогаш не сме се посомневале во нашата одлука, не сме се покајале и не сме погледнале наназад. Иако водењето сопствен бизнис бара многу повеќе ангажман, не нè прашува за работно време, вклучува многу различни работни задачи и професии во текот на денот, сепак, можноста да си го планираш времето, да се стремиш кон некоја цел која сметаш дека е важна,  да уживаш во работата, да бидеш флексибилен и да можеш да си дозволуваш работи кои претходно ни во сон не си можел да ги замислиш, нè прават да се чувствуваме живи, мотивирани, исполнети и одговорни за нашата среќа. Така, да се живее од работата за нас е многу повеќе од плаќање сметки и преживување.

finishing touches ? next dipping, then firing, then bazaar and then coffee ? #потсетикони #surprisecups #handmadeceramics #KERAKAMIKA

Publiée par Tanja Kerakamika Bogoevska sur Mercredi 27 février 2019

Во ова време на домашна изолација, дали се зголеми интересот на луѓето за обид во нови креативни вештини, во случајов изработка на керамички фигури, чаши и слично? Дали жените се пољубопитни и на која возраст?

– Во периодов во кој што сме, сите се учиме како да функционираме. Интересот за нашата „посебна работа” секогаш сме го имале од посебни луѓе кои се карактеризираат со прекрасни души и големи срца. Бидејќи работата ни е врзана со личен контакт – држење работилници и работа со материјали, во моментов ни е во стагнација, но тие луѓе кои ни се повеќе од клиенти изнајдоа начин да нарачаат по некој производ, да си купат однапред ваучери за работилници или глина која ја работат во домашни услови и ни ја носат на печење, па ни го направија овој период финансиски поподнослив за нас, а срцата ни ги наполнија со среќа љубов, надеж и верба.

Исто така, посебен момент кој ни носи радост е можноста да инспирираме „онлајн“ преку креативните групи на Фејсбук – „Креативница”  и „Заедно дома” , кои во вистинскиот момент ги собраа вистинските луѓе за сплотување, охрабрување и меѓусебно помагање кое е повеќе од добредојдено во вакви периоди.

Треба ли посебна „машинерија“, специфични алатки за изработка на керамички уметнички дела?

– Работата со керамика бара посебни алати, како специјална печка за керамика која постигнува температура над 1.000 степени и во зависност од техниката може да бара грнчарско тркало. Секако тука се и репро материјалите: глина и глазура, во нашиот случај безоловни и безбедни за во исхрана кои ги увезуваме од надвор. Освен материјалните работи, тоа што е многу поважни и неопходно за оваа работа е – трпение, желба за постојано учење, ослушнување на внатрешниот глас,  подготвеност да се прифатат порази, истрајност и најважното љубов.

Како изолацијата делува на вашата креативност, како го помивате денот меѓу четирите ѕида?

– Сметаме дека сме благословени со нашата професија и немаме проблем со поминување на времето во нашиот дом, а креативноста ни е дел од нашето секојдневие. Да се биде креативен за нас значи да се биде слободен, да можеш со мислите да отпатуваш секаде и со секого, а внатрешно да чувствуваш благодарност, љубов и поврзаност со драгите луѓе, иако не се до тебе физички.

Што прво ќе направите кога корона-кризата ќе заврши?

– Ќе кажеме „благодарам“ и ќе продолжиме понатаму.

make a wish bublles on their way! ?finished products in comment? #loveourjob @borce.bogoevski #kerakamika

Publiée par Tanja Kerakamika Bogoevska sur Mercredi 4 mars 2020

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот