Кејт Мидлтон не ги сака кралските обврски, па смислила план како да ги избегне

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон има три деца, но експертите за кралското семејство тврдат дека постои можност Вилијам и неговата сопруга да добијат и четврто дете.

Фил Дампиер, човекот кој будно го следи и проучува кралското семејство, изјави дека не би се изненадил доколку Кејт Мидлтон и принцот Вилијам наскоро добијат четврто дете. Како што објасни, уште едно дете на војвотката од Кембриџ би и овозможило исклучиво да му се посвети на семејството и повеќе не би морала да ги обавува кралските должности.

Кејт Мидлтон (37) е мајка на принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (4) и принцот Луис (15 месеци).

Кејт го обожава своето семејство, но ниту малку не ужива во обврските кои и ги наметнува кралското семејство. Мислам дека со четвртото дете конечно би го избегнала сето она што не и се допаѓа и би уживала во она што го сака, изјави тој.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна го прославија шестиот роденден на синот првенец, принцот Џорџ.

Претставниците на кралското семејство не сакаа да откриваат на кое место семејството го прославило роденденот, ниту сакаат да ги коментираат наводите дали Кејт планира по четврти пат да стане мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот