Додека беше тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше одлична соработка со Сами Кедира.
Сегашниот менаџер на Евертон посакува повторно во својот состав да го има централниот играч од средниот ред кој ги брани боите на Јувентус.
– Имам убави сеќавања со него во Реал. Тој е голем професионалец. Би сакал повторно да соработувам со него, но тој не е единствената желба – рече Анчелоти.
Можното доаѓање на Кедира во Евертон после желбата на италијанскиот стратег не е невозможна опција, особено што договорот на играчот со „Старата дама“ истекува на 30 јуни 2021 година.
33-годишниот Германец од јануари веќе може да преговара со клубовите кои покажуваат интерес за неговите услуги.