Ќе падне ли договор за државјанствата за граѓаните „Фантоми“?

Фото: МИА

 Во Собранието ќе се одржи  средба меѓу координаторот на опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернтива АА/А, Скендер Реџепи и премерот Зоран Заев, министрите за внатрешни работи, за правда, и за земјоделство, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и Аријанит Хоџа ќе се бара решение за Законот за државјанство.

-Очекувам подготвеност од власта да се изнајде решение за Законот за државјанство. Ќе направиме компромис но се во интерес на граѓаните бидејќи на нив им е битно да имаат законска рамка со која ќе го решат 30 годишниот проблем. За таква рамка ние сме подготвени за максимален компромис, изјави Реџепи за Слободен печат.

Во Законот што го поднесе опозициската коалицијата Алијанса и Алтернатива се предлага наместо 8 години престој како услов за државјанство да биде четири години, тројца сведоци да потврдат дека лицето во Македонија живеело и пред независноста, да може и со еден сведок ако тоа е сеуште жител на местото на барателот. Наместо да го познава македонскиот јазик да се дефинира како познавање на најмалку еден од службените јазици во државата мислејќи на албанкиот јазик.

Според министерот за внатрешни работи Спасовски ќе се бара решенија во рамките на уставните надлежности, законските процедури и меѓународната пракса.

-Според анализите во МВР, 800 лица немаат никаков документ, а се наоѓаат на територијата на нашата држава или т.н. фантоми, но веќе е надминат проблемот за упис во матичната книга на родените и за добивање на сите други права кои произлегуваат за да може да ги остваруваат правата како државјани на Р Македонија. Имаме анализи и во друг сегмент, но тоа не мора да значи дека се некакви точни бројки до крај. Би требало кога ќе се започне процесот на менување на Законот ако за тоа има потреба или изнаоѓање одредени механизми навистина да дојдеме до точната бројка преку одредени пријавувања. Сепак, сметам дека тоа не е преголема бројка на оние што немаат државјанство, а се наоѓаат на територијата на нашата држава и ќе ги исполнат сите норми, рече министерот Спасовски.

И премиерот Зоран Заев потврди дека има волја за изнаоѓање решение како и кај опозиционите две политички партии АА и Алтернатива, за деблокирање на собранието.

-Конкретно, од тоа што сум информиран, ова е мал детаљ од она што треба да е подготвено. На пример, ако се работи за повозрасна жена, наша сограѓанка која нема државјанство, а има две деца кои имаат свидетелства, тука се децата, поминале одредени години, дошле и до свидетелства, дошле до одредени документи – тоа би било сериозен доказ дека на таа и таа жена треба да ѝ се даде државјанство. Имаме случаи кога од стапувањето во брак се поминати 8, 10, 15 години, а за жал сè уште не е издадено државјанство. Имаме случаи кога членови на семејството како што се родители, деца, брачен другар… Мислам дека овде ќе ги најдеме практичните аргументации да изнајдеме решение да давање на државјанство“ – нагласи Заев.

Според постоечкиот Закон за државјанствна постапката за издавање уверение за државјанство може да се реализира доколку барателот веќе стекнал државјанство на Република Македонија на еден од начините определени со Законот за државјанството на Република Македонија, и тоа: (1) со потекло; (2) со раѓање на територијата на Република Македонија и (3) со природување. За начинот на стекнување државјанство на Република Македонија, повеќе детали тука. Кон барањето се поднесуваат следните документи : – лична карта или друг документ за лична идентификација на којшто има фотографија и кој е издаден од државен орган; – други документи во зависност од начинот на кој се стекнува државјанството;

Стравувањата на јавноста се дали на ваков начин се отвора простор за злоупотреба околу делење државјанства на „фантоми“. Според поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов со предложениот Закон за државјанства од АА/А може да им се признае државјансво на над 70.000 граѓани, кои, покрај друго, може да докажат дека имаат постојан престој со двајца сведоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот