Ќе ни дозволат ли Грците да летуваме кај нив?

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, објавена на 15 јули истекува денеска, а засега, нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија” се за временскиот период од 16 јули до 31 јули 2020 година и се однесуваат, освен на Северна Македонија, и на Албанија и на Турција.

За конкретната министерска одлука, како и за копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земји, портпаролот на грчката Влада  Стелиос Пецас, на вчерашниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина рече дека овие теми биле дел од состанокот на Мицотакис со епидемиолозите и надлежните министри.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот