Ќе дојдат ли побрзо кинеските вакцини?

epa09018364 A medical staff receives a dose of Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine during the vaccination at the modular hospital near the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 17 February 2021. North Macedonia began its coronavirus disease (COVID-19) vaccination campaign with medical workers after the donation of 8,000 doses of the Pfizer-BioNTech vaccines from Serbia. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот државен врв побара од Кина побрза испорака на вакцините против ковид-19, со цел да се спроведе имунизација на населението. Ваквото барање денеска му беше пренесено на кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на С. Македонија. Фенгхе денеска беше примен од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев на средбата со високиот гостин од Кина апелирал да пренесе до надлежните кинески институции  дека С. Македонија очекува да се забрза испораката на 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата, којшто започнува утре.

– Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради ковид-19, велат од Владата.

И претседателот Стево Пендаровски на средбата со генералот Веи Фенгхе потенцирал дека набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“ е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против ковид-19.

Шекеринска на гостинот од Кина му се заблагодарила за поддршката во справувањето со последиците од пандемијата и донациите во вредност од околу 250 000 долари и ја искористила можноста за да побара побрза испорака на кинеските вакцини во земјата.

Кинескиот министер за одбрана истакнал дека 70 земји во светот ја одобриле употребата на кинеските вакцини и дека во Кина се вакцинирани 100 милиони луѓе. Тој најавил дека ќе се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во С.  Македонија, а најавена е и можност за поддршка на македонската Армија со кинески вакцини.

Преземено од Дојче Веле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот