Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Казната за Стојанче Јовановски е максимална и првпат во Македонија некој е осуден за наведување на самоубиство поради вршење семејно насилство

Во Основниот кривичен суд денеска Стојанче Јовановски беше осуден на максимална казна затвор од 12 години, за сите три кривични дела за кои се товареше – загрозување на сигурноста, нанесување телесни повреди при семејно насилство и наведување и помагање при самоубиство. Животот на неговата сопруга Ивана заврши на 2 март годинава со пад од балкон заедно со животот на нивната шестгодишна ќерка Катја. Јовановски ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Судијата Ивица Стефановски при изрекувањето на санкцијата рече дека овој случај отвори широка јавна дебата за околностите што довеле до трагичниот исход, но и влијаеше врз свеста за сериозноста на семејното насилство и потребата од превенција за жртвите.

-Судот на обвинетиот Стојанче Јовановски за кривичното дело телесна повреда му утврдува казна затвор од пет години, за загрозување на сигурноста затвор од три години, и за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство казна затвор од пет години. За сите три кривични дела утврдена е максимална казна. Со примена на правилата за одмерување на казната за дела сторени во стек содржани во член 44 од Кривичниот законик го осудува на единствена казна затвор во траење од 12 години – рече судијата Ивица Стефановски.

Инаку, според член 44 од Кривичниот законик, единствената казна не смее да го достигне збирот на утврдените казни.

 

Според пресудата, Јовановски е виновен зашто на 2 март годинава, од 11 часот до 12 часот и 20 минути на повеќе локации во Скопје со умисла при вршење семејно насилство телесно ја повредил Ивана Јовановска на начин што откако се сретнале пред училиштето „Нова“ ѝ удрил шлаканица. Откако пристигнал сведокот Мартин Саздов, обвинетиот ѝ задал уште два удари со раце од левата и десната страна на лицето. Сведокот застанал меѓу нив и се обидел да го оттргне обвинетиот, но Јовановски повторно ја удрил Ивана со шлаканица во лицето. Сите тројца влегле во возилото на Саздов, се упатиле кон Основниот кривичен суд каде Стојанче Јовановски продолжил да ѝ упатува навреди и закани на Ивана која седела на задното седиште од возилото. Ѝ се обраќал со зборовите „к…о една, ќе видиш со кого си фатила работа, немој да мислите дека ви се плашам“, по што се свртел кон задното седиште и повторно ѝ задал удари со тупаници и почнал да ја дави Ивана која изгубила свест. Мартин застанал со возилото да провери дали таа е добро.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Исто така, тој е прогласен за виновен и зашто при вршење семејно насилство сериозно ѝ се заканувал на Ивана дека ќе нападне врз нејзините тело и живот, ѝ упатувал вербални закани со навреди со содржина:„К…. една, Катја ќе ти ја земам, да се губиш од станот“ и „Ако одам во затвор ќе излезам и ќе те убијам“.

Изрекување на пресуда, за Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Изрекување на пресуда, за Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Исто така, тој од 2023 година па до критичниот ден кога Ивана си го одзеде животот, на повеќе локации во Скопје и во домот (стан во сопственост на Стојанче Јовановски каде што живеел со Ивана и со Катја), сурово и нечовечки постапувал кон Ивана која била во положба на материјална и егзистенцијална зависност од него.

Поради таквото негово постапување таа извршила самоубиство кое може да се припише на небрежност на обвинетиот, рече судијата.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Имено, Јовановски откако издејствувал во 2022 година Ивана да му го отстапи својот дел од станот, по стекнување на целосната сопственост на станот почнал психички и физички да ја малтретира низ годините. Во 2025 година тоа ексалирало, тој сè почесто ја тепал, ја навредувал и ја понижувал во присуство на детето, на јавни места и пред сведоци, заканувајќи ѝ се дека ќе ѝ ја одземе ќерката и ќе ја избрка од домот каде што живееле. Продолжил со психичко и физичко малтретирање постојано обраќајќи ѝ се со зборот „к…“ и дека нема да ја види ќерката и ќе ја исфрли од станот.

Стојанче Јовановски фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски фото „Слободен печат“ Методи Здравев

На 2 март 2026 година со неговото сурово и нечовечко постапување создал кај Ивана состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, чувство на безизлез и таа без разумно да  управува и да ги контролира своите постапки, извршила самоубиство неколку минути откако останала заклучена во станот со Катја, скокајќи од терасата од шестиот кат. Со овие дејствија Јовановски сторил телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

Јавен обвинител Адела Бојчевиќ, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Јавен обвинител Адела Бојчевиќ, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Обвинителката што го застапуваше предметот, Адела Бојчевиќ, рече дека судот даде максимална казна, во рамките на тоа што го дозволува законот, но казнената политика треба да е построга и да се подобри.

-Дали треба за семејно насилство каде што има телесна повреда максималната казна да е пет години, а каде што има смртна последица исто така да е до пет години максималната казна?, рече таа.

Јавен обвинител Адела Бојчевиќ, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Јавен обвинител Адела Бојчевиќ, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Адвокатката на семејството на Ивана, Неда Чаловска рече дека првпат во Македонија се изрекува казна за наведување самоубиство при вршење семејно насилство. Таа го пофали Јавното обвинителство дека покажало сензибилитет во овој случај.

Неда Чаловска, адвокатка на семејството на Ивана и Катја
Неда Чаловска, адвокатка на семејството на Ивана и Катја

-Семејството смета дека казната е соодветна и ја очекувавме. Ивана и Катја нема да се вратат, но се испраќа порака дека семејното насилство нема да се толерира. Имаме пресуда за наведување на самоубиство поради семејно насилство за првпат и отсега државните институции ќе треба да истражуваат во случаи на самоубиство дали тоа било поради семејно насилство како што беше во овој случај – рече Чаловска.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот