Казна од 100 дневни глоби за четворица радовишани

Тие од ОЈО се обвинети дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Основното јавно обвинителство во Радовиш денеска поднесе предлог за издавање казна против четири лица.

Обвинетите​ во три одвоени случаеви постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21 до 5 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови помеѓу 23 и 24 овој месец со возила се движеле по улиците на Радовиш каде биле запрени од полчицијата.

Тие од ОЈО се обвинети дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, по што Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот