Каземиро: Најголема титула се тренинзите, Модриќ и Крос најмногу ќе ми недостасуваат
Каземиро денеска се прости од својот поранешен клуб Реал Мадрид, пред да полета за Манчестер. Искусниот играч одлучи својата кариера да ја продолжи во Јунајтед кој наводно платил околу 80 милиони евра за трансферот на Бразилецот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Кога дојдов во Мадрид со сопругата, никој нè не знаеше, тоа беше малку шок и за нас. Нов град, нова земја, далеку од дома, но наскоро ова стана наш дом, каде што ги изградивме најубавиот години од нашиот живот, и моето семејство. Се сеќавам на тој прв повик од Мадрид, кога се јавија од клубот. Бев возбуден, не можев да верувам дека ова ми се случува – рече Каземиро на своето збогување.
Сами тренинзи во „кралскиот“ клуб ги одвои како најдобар момент во кариерата, бидејќи со своите напори успеа да стане еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот во моментов.
– Знаев дека по заминувањето од Бразил и пристигнувањето во Мадрид, Кастиља (развојниот тим на Реал Мадрид) ќе биде мојата прва станица. Таму ме научија вистинските вредности и што значи белиот дрес и клупскиот грб. Освоив многу трофеи во Реал (19), но за мене најголемата титула беше во тренинг кампот каде што одржувавме тренинзи – се зборовите на Каземиро.
1️⃣4️⃣ CaseMITO#GraciasCasemiro pic.twitter.com/qEMNjI4miF
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 22, 2022
Заедно со Лука Модриќ и Тони Крос формираше среден ред кој со години владееше со Европа.
– Има многу играчи кои би можел да ги издвојам, а Лука Модриќ и Тони Крос никогаш не можам да ги заборавам. Заедно освоивме многу трофеи, можевме многу лесно да се најдеме на теренот Ќе ми недостигаат многу – рече бразилскиот фудбалер.
Касемиро исто така додаде дека се надева дека еден ден ќе се врати во Реал и му се заблагодари на претседателот на шпанскиот клуб, Флорентино Перез.
– Се надевам дека ќе се вратам еден ден и ќе му ја вратам на клубот сета љубов што ја добив. Возбуден сум што ќе ја продолжам кариерата во голем клуб каков што е Манчестер јунајтед. На крајот, сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез со кој клубот има светла иднина – вели Каземиро.


