Кавада се збогува со Вардар: Кога видов како ја освоија Лигата на шампионите, си реков – сакам да играм таму
Јапонскиот ракометар Харуки Кавада ја завршува својата авантура во македонската Суперлига, откако со Вардар 1961 успеа да ја освои шампионската титула. По успешната сезона, тој ја продолжува кариерата во Франција, каде ќе настапува за екипата на Каен.
Препорачано
Кавада се прости од „црвено-црните“ со емотивна порака во која се наврати на своите почетоци и патот до Европа. Тој истакна дека уште како средношколец го следел успехот на Вардар, особено историската титула во Лигата на шампионите, што, како што вели, му бил голем мотив еден ден и самиот да го облече дресот на клубот.
„Во летото 2025 година го напуштив универзитетот и на 19 години заминав во Европа. Кога бев во средно училиште, мојот клуб Вардар ја освои Лигата на шампионите. Сонот што тогаш го имав – еден ден да заиграм за тој клуб и оваа година ми се оствари“, навел Кавада.
Тој додава дека периодот во Македонија не бил лесен, но дека искуствата од животот во нова средина, јазичните бариери и спортскиот предизвик му донеле значајни животни лекции и нов поглед на светот.
„Го почувствував одблиску менталитетот и силата на луѓето од Источна Европа. Ова искуство ќе ми помогне да продолжам да напредувам“, порачал јапонскиот ракометар, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката за време на неговиот престој во Европа.
View this post on Instagram


