Катица Јанева излезе од затвор, доби условен отпуст
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која издржуваше седумгодишна затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот, објави СДК.
Препорачано
„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјави за СДК директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски
Таа беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, а во казната и беше пресметано и времето поминато во притвор.
Јанева беше осудена во предметот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски, кој доби подолга затворска казна за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.
По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, додека дел од предметите продолжија во редовното обвинителство. Камчев во предметот „Империја“ призна вина и се спогоди, издржувајќи пократка затворска казна.
Катица Јанева има уште година и половина од казната – оди на работа и користи викенди
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


