Катастрофа што можеше да се избегне: Либанската царина алармирала за опасноста од нитратот во Бејрут

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Бродот Росус кој пловел под молдавско знаме, пристигнал во Бејрут во септември 2013 година поради техничка неисправност на патот од Грузија во Мозамбик, со 2.750 тони амониум нитрат.

Либанскиот претседател во средата изјави дека истрагата за причините на вторничната експлозија во Бејрт, во која според најновите податоци загинаа повеќе од 100 лица, треба што поскоро да открие што точно се случило, и резултатите транспарентно ќе се објават.

Во телевизискиот пренос од вонредната седница на владата Михел Аоун ги повика и другите земји да му помогнат на Либан што поскоро зошто земјата е во многу лоша економска ситуација.

Првичната истрага покажала дека експлозијата е причинета од, со години занемарената безбедност на складишето каде се наоѓал многу експлозивен материјал, изјави извор близок до истрагата.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Премиерот и канцеларијата на претседателот објавија во вторникот дека 2.750 тони амониум нитрат кој се користи за ѓубриво и бомби биле складирани шест години во пристаништето без безбедносни мерки.

„Тоа е невнимание“, рече извор за Ројтерс додавајќи дека прашањето за безбедноста на складиштето било покренувано пред неколку одбори и судови, но ништо не е направено за да се нареди преместување или безбедно одлагање на опасната супстанца.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Извор рече дека огнот почнал во складиштето 9 во пристаништето и се проширил на складиштето 12, каде бил чуван амониум нитратот.

Царината предупредувала на опасноста

Бадри Дахер, главен директор на либанската царина, рече за телевизијата ЛБЦИ дека царината испратила шест документи со одговори, предупредувајќи дека материјалот претставува опасност.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

„Побаравме повторно да се извезе, но тоа не се случи. Им оставаме на експертите и на оние кои со ова да занимаваат да утврдат зошто“, рече Дахер.

„Мора да се спроведе локална и меѓународна истрага за инцидентот, со оглед на опсегот и околностите под кои таа стока е донесена во пристаништетот“, рече Хасан Хасбани, поранешен заменик на премиерот.

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Шипарестид.ком (Ѕhiparrested.com) кој ги следи поморските правни случаи, објави дека извештајот од 2015 година покажува дека бродот Росус кој пловел под молдавско знаме, пристигнал во Бејрут во септември 2013 година поради техничка неисправност на патот од Грузија во Мозамбик, со 2.750 тони амониум нитрат.

Извештајот покажува дека по инспекцијата, на бродот му забраниле да го продолжи патот, а набрзо потоа го напуштиле неговите сопственици.

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

„Со оглед на ризиците поврзани со тоа амониум нитратот да остане на бродот, пристанишните власти го одложиле во сладиште во пристаништето“, стои во извештајот.

Руските медиуми денеска објавија дека се работело за руски брод во сопственост на рускиот државјанин Игор Гречушкин.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот