Касами само со албански обележја промовираше улица во Тетово изградена со европски пари

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ја пушти во употреба реновираната улица „Радован Цониќ“, во градот позната како „Улица на бутиците“.

Дел од церемонијата беше сечење на црвена лента од страна на Касами, кој беше придружуван од деца во албански народни носии, а на улицата имаше само знамиња на Албанија, без ниту едно државно знаме. Касами одговори на новинарското прашање зошто нема македонско знаме и македонски носии.

– Добра забелешка, во друг случај, во друга ситуација ќе го имаме, рече Биљал Касами.

Улицата „Радован Цониќ“ се протега во тетовската Горна Чаршија, од зад Основниот суд до Музејот на тетовски крај (Меморијален музеј на народниот херој Ѓоце Стојчевски-Амбарче). Таа ќе биде биде пешачка зона, а тоа наиде на негативни коментари кај граѓаните, кои велат дека потегот дополнително ќе го задуши и онака блокираниот сообраќај во поширокиот центар на Тетово.Ѓ

Реконструкцијата на улицата беше изведена со пари од европски фондови за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, поконкретно меѓу Тетово и Призрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот