Касами ги прекина сите проекти во Тетово што ги почнала Теута Арифи

Општина Тетово / Фото: МИА

Општина Тетово попладнево соопшти дека се прекинати сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура и друго, кои ги започнала претходната градоначалничка Теута Арифи.

– Врз основа на жалбите и поплаките на граѓаните за извршена работа надвор од потребните стандарди, ве известуваме дека градоначалникот на Тетово Билал Касами побара од Секторот за општински дејности и заштита на животната средина и природата да се прекинат сите работи кои се во овој сектор. Станува збор за сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура.

Од Општина Тетово оценуваат дека сега е потребно да се разгледа целата тендерска документација и се што е сработеното од страна на изведувачите на терен.

– Онаму каде што ќе се забележат неправилности, ќе се преземаат соодветни мерки согласно законот, а таму каде работите се одвиваат според законот, работите ќе продолжат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот