Касами ѝ поднесе кривична на Теута Арифи, наводно го оштетила општинскиот буџет за над милион евра

Теута Арифи / Утрински брифинг

Општина Тетово на чело со градоначалникот Биљал Касами поднесе кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи, како и против општинси функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари (речиси 1,1 милион евра).

Касами денеска објасни дека се работи за случај на експропријација кој датира од 80-тите години, кога вредноста била 3 милиони денари, а повторно бил активиран во 2015 година, кога е пресметана камата.

„Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и граѓаните“, рече Касами.

Тој рече дека од доаѓањето на власт во општината, само за камати платиле над 29 милиони денари или приближно половина милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот