Картичките со пари за граѓаните ќе доцнат

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Граѓаните ќе ги добијат подоцна платежните картички наменета за купување на македонски производи, а се менува и рокот до кога може да ги искористат.

Банкарите реагираа дека не се во можност толку брзо да ги изготват картичките, а Владата ги промени роковите во Уредбата.

Сега банките, место до 3 јули, картичките треба да ги поделат најдоцна до 18 јули. Граѓаните пак, за кои е наменета финансиската помош, може да ги искористат парите за купување домашни производи или услуги најдоцна до 15 август, место до 31 јули како што беше претходно.

Според Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, по 9.000 денари еднократна помош  ќе добијат социјалните категории и невработени  кои оставруваат низок доход,  а по 3.000 денари ќе добијат вработени со мали примања, како и средношколци со наполнети 16 години и студенти. Здравстевните работници кои тестирале, дијагностицирале, или лекувале заболени од ковид 19 ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 отсто од износот на последната пресметана основна нето плата, која исто така ќе легне на платежната картичка „купувам домашно“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот