Карди Би и Офсет добиле тужба за неплатени сметки и демолирање на викендица

Фото: Frank Vasquez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Раперката Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет добиле тужба затоа што не ги платиле сметките и ја демолирале викендицата во Беверли Хилс, Калифорнија, пишува „Пејџ сикс“. 

Сопственикот на куќата во тужбата тврдел дека ѕвездите почнале да живеат во куќата на почетокот на 2022 година, но потоа го напуштиле имотот во октомври без никакво известување, според документите до кои дојде „ТМЗ“.

Фото: nobyline@backgrid / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Сопственикот наводно во тужбата тврдел дека не ја платиле киријата и комуналиите кога ненадејно го напуштиле имотот.

Во тужбата, сопственикот тврди дека има значителна штета на имотот откако сопружниците си заминале, вклучително и скршен мебел, траги од изгореници на масите и шалтерите, дупки во ѕидовите и гребнатини на теписите, завесите и подот од плочки.

Сопственикот тврди дека според документите вкупните трошоци за отштета се проценуваат на околу 85.000 американски долари.

Карди Би и Офсет неодамна објавија дека се разведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот