Канаваро: Наполи игра навистина добро, може да ја освои титулата во Серија А

„Наполитанците“ моментно се на врвот во Серија А пред миланските великани/Удине, Италија/20 септември 2021/Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Поранешниот најдобар светски фудбалер смета дека Наполи во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има навистина убава можност повторно после многу години да ја освои Серија А.

Не се појавува премногу пред фудбалската јавнос, но секој збор на Фабио Канаваро секогаш привлекува големо внимание.

Екс освојувачот на „Златната топка“ и светски шампион со Италија во 2006 година, истакнува дека клубот во кој изразна има добри шанси оваа сезона да го освои Скудетото.

– Наполи игра навистина добро, може да ја освои титулата, но мора да внимава на миланските ривали.

Тимот на Спалети делува како „ѕид“ кој тешко може да се пробие, додека во нападот го има Осимхен, кој умее како да го загрози противникот во неговиот шеснаесетник – вели Канаваро.

После седум кола во најсилниот италијански шампионат Наполи има максимални 21 бод, два повеќе од второпласираниот Милан, а на третата позиција е Интер со 17. За пет дена „наполитанците“ ќе го имаат новиот лигашки меч, на домашен терен против Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот