„Камо да беа вонземјани, ама не се“: Сноуден за соборените летечки објекти над Америка

Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

„Свиркачот“ Едвард Сноуден, кој избега во Русија откако објави илјадници доверливи документи на американската Агенција за национална безбедност, во врска со серијата соборувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО) над САД и Канада, рече дека е „конструирана паника“ тезата дека се работи за вонземски летала и ги упати новинарите да се занимаваат со поважни работи.

„Тие не се вонземјани. Посакувам да се вонземјани, но не се. Тоа е само добра старомодна паника, привлечна приказна која гарантира дека новинарите ќе ги следат балоните, наместо буџетот или бомбардирањето (како Северен тек, на пример). До следниот пат“, напиша на Твитер Сноуден, кој со години живее во Русија.

Белата куќа претходно денеска објави дека нема индикации дека вонземјани стојат зад серија неидентификувани објекти соборени над САД и Канада.

„Знам дека има прашања, некои беа загрижени за ова, но не, нема ништо што би укажало на вонземјани“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Во неделата, американското воено воздухопловство соопшти дека не ја исклучува можноста за вонземска средба, ниту пак исклучува какво било објаснување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот