Фото: Инстаграм / Роберто Навали

Камионот од Косово што ја предизвика кобната сообраќајна несреќа на скопската обиколница влегол на „Блаце“ и бил празен

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече  Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, рече Николовски.

Првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков,, неговиот 20-годишен син Адам и две дваесетгодишни момчиња – Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, другари на Адам, се загинатите во оваа трагична сообраќајна несреќа.

Голема трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив, откако камион преминал во нивната лента и возилото изгорело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот