Камерон Дијаз проговори за 6-месечната ќерка: Таа пребрзо расте и тоа е неверојатно!

инстаграм

Актерката Камерон Дијаз со полни гради ужива во мајчинството. Таа го откри тоа за време на гостувањето во „The Tonight Show“ со Џими Фалон.

„Ова е рај Џими“, призна Камерон и додаде дека нејзината ќерка Радикс брзо расте што е добро познато за многу родители.

инстаграм

Камерон тврди дека родителството е најдобрата работа што им се случила на неа и нејзиниот сопруг Бенџи Меден.

„Толку е убаво да се види како расте и да се биде дел од тоа. Неверојатно. Тоа е најдобрата работа која ни се случила на мене и Бенџи. Толку сме среќни“, додала.

47-годишната актерка го изненади светот со веста дека стана мајка, бидејќи никој не знаеше дека е бремена. Таа се венчаше во 2015 година, а сега го успива бебето додека нејзиниот сопруг готви.

инстаграм

„Тој е неверојатен татко. Толку сум среќна што е таткото на моето дете. Ја носи да спие, јас одам во кујната и почнувам да ја припремам вечерата, па ставам чаша црно вино“, открила таа.

Дијаз ја почитува приватноста на своето дете, па затоа се уште нема објавено ниту една фотографија од својата ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот