Kамења, метална решетка и кеса во доводот за вода за село Крњево

Непознато лице во доводот за вода за кавадаречкото село Крњево ставило камења, метална решетка и кеса, информираат од месната заедница.

-Во текот на вчерашниот ден,  по извршена ревизија на каптажите за доводот на вода за село Крњево, утврдено е дека од страна на непознато лице, во доводните црева за село Крњево се вметнати камења, метална решетка и кеса, со цел жителите на Крњево да останат без потребното водоснабдување – појаснуваат од месната заедница на ова кавадаречко село.

Бидејќи се работи за сериозен прекршок, оттаму нагласуваат дека  случајот ќе биде пријавен во МВР, а доколку се открие сторителот, месната заедница Крњево ќе бара ригорозна казна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот