Камчев халуцинира, рече Катица Јанева

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Познатиот бизнисмен Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески – Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“. Ова го констатираше судијата Андреј Димовски на денешното рочиште во Граѓанскиот суд, каде Орце Камчев бараше милион евра да му исплатат Бојан Јовановски – Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец, како и државата. Судијата Димовски констатираше дека тужбата против Милески-Кичеец е повлечена за надоместок над 92 милиона денари.

– Ценејќи дека во текот на постапката со поднесен поднесок за повлекување на тужбата против Зоран Милески од Скопје, судот донесе решение се констатира повлекување на тужбата на тужителот Јордан Камчев против третотужениот – посочи судијата.

Лазар Јанев, адвокат на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева кажа дека Орце Камчев се обидува да повторува иста лага, за да стане вистина.

– Во недостаток на правна основа на ова тужбено барање, тужителот се обидува во повеќе наврати на ни повтори една иста лага се со цел истата да стане вистина и затоа бараме судот да има во предвид дека полномошникот на тужителот и во тужбата и во одговорот на тужба и во претходно доставените барања, во доставените барања, со доставување на пресудата на Кривичниот суд, всушност сака само да го сврти вниманието во погрешна насока, а не во насока на одредбите во Законот за облигациони односи и Законот за спречување корупција кои претставуваат – кажа Јанев.

Јанева во судницата посочи дека бизнисменот Орце Камчев халуцинира, додека тој даваше исказ, тврдејќи дека бил рекетиран. Откако Камчев посочи дека од Бојан Јовановски – Боки 13 му било понуден проект за шопинг мол, а Лазар Јанев бил потпишан на проектот, Јанева пред сите во судницата се обрати до судијата Андреј Димовски.

– Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу хауцинира – кажа Јанева.

Пред ова, Камчев рече дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош.

– За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на „Гранит“ ниту на „Реплек“ (сопственици на земјиштата – н.з.) не дале согласност за таков проект – истакна Камчев.

Камчев објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри и за кој нудел продажба на интелектуално право.

– Таму би имало дуќани и ресторани. Како да во светот тоа го нема, па тој ќе ги заштитува. На тоа беше потпишан Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира Јанева. Спомна и дека Лазар корисри возило од неговата компанија и дека соработуваат. Бојан ми понуди две локации и ми кажа за блискоста со Богоев. Едниот беше објектот Хубо поради близината на Јанева со сопстениците на објектот. Втората локација беше објектот Механика во Карпош 4. Беше јасно дека манипулира бидејќи знаев дека сопствениците на тие објекти не дале согласност. Откако ова го одбив, тој беше упорен и ми понуди инвестиција во старски домови. Убеден сум дека луѓе од тогашната власт не беа запознати со неговите конструкции. Во бизнис планот се докажа дека таа негова европска организација е измисена за да да биде вентил за изнудување пари. За овој проект ми побараа 4 милиони евра. Боки беше незадоволен, но беше многу моќен во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО – објасни Камчев.

Тој вели дека со Бојан се знаат 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за за му каже што знае за неговиот случај што го водеше СЈО.

Камчев: Во фамозната „Луј Витон“ чанта имаше еден милион евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот