КАМ ги спроведе сите анализи и проверки: Нашиот производ е исправен, случајот со „страно тело“ детално истражен

Фото: Фејсбук

Во врска со случајот за наводно откриено страно тело во замрзнат производ од увоз, спротивно на законските прописи непотврдено беше изнесен на социјални мрежи и во одделни медиуми, доведувајќи ги во заблуда јавноста и ценетите потрошувачи на КАМ маркетите, соопштува компанијата.

За потсетување на јавноста, веднаш по објавувањето на непотвредената информација на 04.04.2021г. како што налагаат интерните процедури, компанијата најодговорно ги презема сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на случајот компанијата постапи согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите.

Компанијата КАМ, со задоволство ги известува јавноста и потрошувачите, дека по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите ја потврдија исправноста на производот.

Компанијата КАМ во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компанијата, одлучно ги презема неопходните законски постаки за изнесување на случајот пред лицето на правдата.

Продолжуваме секојдневно доследно да ги спроведуваме најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.

Компанијата КАМ ја користи оваа прилика да им се заблагодари на ценетите потрошувачи за потврдената дваесет и пет годишна доверба во своето работење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот