Можеби нема да освојат Оскар, но славните ќе си заминат дома со подарок од 139.000 долари!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT/CLAUDIO ONORATI

Бенедикт Камбербач, Ендрју Гарфилд и Оливија Колман се меѓу номинираните за Оскар кои треба да станат лордови и дами на Гленко во Шкотска, кога ќе ја добијат овогодинешната неофицијална торба за подарок „Сите победуваат“.

Водителките на Оскар/Инстаграм
Водителките на Оскар/Инстаграм

 

Сите номинирани за Оскар не можат да ја однесат дома славната статуетка, но дефинитивно од доделувањето ќе однесат дома овогодинешната торба – подарок.

Иако на кој било начин не е поврзана со Академијата, торбата за подароци од маркетиншката компанија „Distinctive Assets“ се дели веќе 20 години. Секоја година предметите од него привлекуваат големо внимание, а можеби најголемото го привлекувале „лентата за коса што го чувствува мозокот“, топчињата за капење од 24 каратно злато и чеканот за итни случаи, односно кршењето на стаклата на автомобилите во кои се заточени кучуњита на горештините, кој во торбата-подароци една година го стави ПЕТА.

Лаш Фари, човек кој ја избира содржината на торбата со подароци, изјави за „Инди100“ дека вредноста на подарокот оваа година е 139.000 долари, за разлика од минатата година кога изнесуваше 200.000 долари.

„Минатата година имавме подарок – бон од 75.000 долари од господинот кој вршеше дигитални советувања на познати личности кои би сакале да имаат сопствен бренд. На хартија, изгледа дека вредноста на торбата паднала за 75.000 долари, но факт е дека тој подарок лани никој не го искористил – рекол Фари.

„Дали вредноста се промени? Мислам дека не. Тоа е како купување куќа. Нема голема разлика помеѓу куќа од 4,6 милиони долари и куќа од 4,9 милиони долари. Кога ќе стасате до одредено ниво, тешко е да се направи разлика. Така е и со овие подароци“, додал тој и истакнал дека повеќе се фокусира на интересните предмети во торбата отколку на нивната вредност.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Па, што да им подарите на ѕвездите кои веќе имаат сѐ?

„Тоа е всушност најлесниот дел. Не размислувам премногу за тоа. Познатите личности – и знам дека тоа е клише – на многу начини се како обичните луѓе и ги имаат истите потреби како и ние станатите – рекол Лаш Фари.

Истакнува дека сака необични подароци, а оваа година оние кои нема да станат оскаровски благородници ќе станат шкотски.

„Тоа е подарок за некој кој има сè, едноставно е забавно… Кога некому ќе му ја купите таа титула како подарок, парите одат за зачувување на земјиштето во Шкотска, така што тоа е навистина одличен подарок со цел“, вели тој.

Според него, компаниите кои ги ставаат своите производи во торбите – подароци ги поддржуваат „различноста, инклузивноста, здравјето и филантропијата“.

Стотици брендови разговараат со Distinctive Assets секоја година, а во 2022 година беа избрани само 52 производи или услуги. Иако Фари вели дека има различни причини зошто производот е во торбата, тој при изборот држи до едно правило.

„Пред 10 години ми дојде таа идеја. Постојано ни се јавуваат компании кои произведуваат секс-играчки. Не знам зошто, но сите сакаат да бидат дел од овие торби за подароци. Тогаш помислив дека тоа е одлична работа бидејќи е нормален дел од животот, сакам луѓето да уживаат во својот сексуален живот, а ако сте Џенифер Лоренс, на пример, не можете туку-така да одите во „секс-шоп“ и да купувате играчки за секс како ние обичните луѓе“, рекол тој.

Instagram
Џенифер Лоренс со нејзиното семејство / Instagram

Сепак, тоа не беше толку генијално како што мислеше. Освен што тоа не било пред 10 години, туку секс-играчките во торбата се појавија во 2016 година. Академијата ги тужеше затоа што медиумите повеќе се фокусираа на поединечни производи во торбата отколку на доделувањето на Оскарот.

„Тоа ги преплави медиумите, па сфатив дека мора малку да се повлечеме затоа што го засени сè друго во торбата. Така што, ако отидам на вашата веб-страница и ги видам зборовите пенис и вагина, за жал, не можете да влезете во торбата“, додал Фари.

Тесна трка помеѓу кандидатите за „Оскар“ за најдобар режисер

ФОТО | Верувале или не, овие актери никогаш не добиле Оскар

Објавени номинациите за Оскари 2022: Филмот „The Power of the Dog“ со 12 номинации

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот