ФОТО | Верувале или не, овие актери никогаш не добиле Оскар

Семјуел Л Џексон, Анет Бенинг, Анџела Басет, Ралф Фајнс/Профимедиа
Семјуел Л Џексон, Анет Бенинг, Анџела Басет, Ралф Фајнс/Профимедиа

Сезоната на наградите е во полн ек, а наскоро ќе се одржи и онаа која цел свет ја чека со нетрпение. Се разбира, станува збор за доделувањето на Оскарите, кои оваа година ќе се одржат на 28 март.
Но, на некои актери, ѕвездите просто не им се наклонети иако се планетарно популарни. Овие 13 холивудски глумци и глумици имаат светски кариери и биле дел од најпознатите филмови на денешнината, но сепак имаат нешто заедничко – ниеден од нив нема земено златна статуетка. Па да тргнеме со ред.

Вил Смит

Номинацијата за најдобар актер, трета во последните 20 години, овој пат Вил ја доби за „Кралот Ричард“. Пред тоа беше номиниран во 2001 за филмот „Али“ кога наградата му ја зеде пред нос Дензел Вашингтон, а во 2006та „Во потрага по среќа“, кога Оскарот го освои Форест Витакер. Дали третата среќа ќе му биде добитна?

EPA-EFE
 Вил Сми / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Глен Клоуз

Во текот на својата успешна кариера, легендарната Глен Клоуз беше номинирана дури осум пати, но ниеднаш досега не го доби „златното момче“. Некои од номинациите беа за култните филмови како „Опасни врски“  и „Фатална привлечност“.

Глен Клоуз/Профимедиа
Глен Круз / Фото: Профимедиа

Мишел Вилијамс

Со четири номинации и ниеден Оскар може да се „пофали“ и Мишел Вилијамс. Нејзиниот талент е препознат благодарение на филмовите „Кршенгрб Планина“, „Тажна врска“ „Мојата недела со Мерилин„. Сите се надеваат дека нејзиниот најнов проект, полуавтобиографката драма „Тhe Fablemans“ која ја работи со Стивен Спилберг, можеби ќе ја прекине конечно низата.

Мишел Вилијамс
Мишел Вилијамс / Фото: Профимедиа

Изабел Хаперт

Иако во текот на својата кариера работела со некои од најпознатите имиња, како Жан Лук Годар, Морис Пиалат, Мајкл Ханеке, Изабел Хаперт беше само еднаш номинирана за Оскар и тоа за улогата во еротскиот трилер „Ела“ во 2016, режиран од Пол Верховен.

Итан Хоук

И овој актер има завидна кариера со која може да се пофали, но и улоги во филмовите како „Друштвото на мртвите поети“ на кој многумина и денес се сеќаваат. Сепак, за Оскарите беше номиниран само двапати, и тоа за „Ден на обуката“ и „Растење“.

Итан Хоук/Профимедиа
Итан Хоук/ Фото: Profimedia

Анет Бенинг

Легендарната глумица има дури четири номинации за Оскарот. Последната номинација беше за улогата во филмот „Децата се добро“, но таа година Натали Портман си замина со статуетката. Занимливо е и тоа што нејзиниот сопруг Ворен Бити има четири номинации и ниеден Оскар за глума, но затоа го има добиено како награда за најдобар режисер во 1982.

Анет Бенинг/Профимедиа
Анет Бенинг / Фото: Profimedia

Стенли Тучи

Иако има многу улоги по кои е пзонат, како „Џули и Џулија“, или „Големата ноќ“, Стенли Тучи е само еднаш номиниран за Оскар, и тоа во 2010 за „Убави коски“. Не го освои, за жал.

Иан Меккелен

Актерската легенда Иан Меккелен е двапати номиниран за Оскар и тоа за „Богови и чудовишта“ и „Господар на прстените: Дружината на прстените“, но не беше награден. Наместо Оскар, овој актер има седум награди и тоа Оливие, Тони и Златен глобус.

9-19 EPA/SOEREN STACHE
Иан Меккелен / Фото: EPA/SOEREN STACHE

Семјуел Л.Џексон

И покрај тоа што е најпознат глумец во Холивуд, овој актер нема освоено Оскар ниту во најдобра споредна улога. Номинацијата ја доби во 1994 година, за изведбата во „Евтини приказни“. Години подоцна, во 2015, освен што не беше номиниран за улогата во филмот „Тешка осумка“, неговата сопруга изјави дека тој воопшто не се ни грижи за наградите – „Сето тоа сепак трае само една ноќ“.

Семјуел Л Џексон
Семјуел Л.Џексон / Фото: Profimedia

Лиам Нисон

Кога во 1994та година Лиам ја одигра улогата „на својот живот“ во „Шиндлеровата листа“ сите беа убедени дека нема кој освен тој да ја добие златната статуетка. Но, животот не пишува бајки, па така се случи и со Нисон. Таа година Оскарот замина во рацете на Том Хенкс.

Лиам Нисон
Лиам Нисон / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Ралф Фајнс

Како и неговиот колега од „Шиндлеровата листа“, Лиам Нисон, и Ралф Фајнс во 1994 доби номинација за улогата во истиот филм, но остана без награда. Таа година, златната статуетка ја освои Томи Ли Џонс.

Ралф Фајнс/Профимедиа
Ралф Фајнс / Фото: Profimedia

Анџела Басет

Во светот на Холивуд е повеќе од 30 години, но досега само еднаш беше номинирана за Оскар, и тоа за улогата во биографскиот филм за Тина Тарнер, од 1993 година. Како што веќе и се претпоставува, не го доби Оскарот, а нејзините полици дома се украсени со САГ, Златен Глобус и Еми.

Анџела Басет/Профимедиа
Анџела Басет / Фото: Profimedia

Сигурни Вивер

За улогите во филмот „Вонземјанин“ „Горили во магла“, Сигурни беше наградена со три номинации, но за ниедна не доби Оскар. Интересно е што беше номинирана во две категории во истата година, но не го доби „златното момче“.

Сигурни Вивер/Профимедиа
Сигурни Вивер / Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот