Каков малер! Дрејк се обложи на натпреварот Аргентина – Франција и изгуби милион долари

Дрејк
Дрејк / Фото: Инстаграм/Дрејк

Познатиот рапер Дрејк се обложи на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал во Катар. Иако погоди кој ќе го освои првенството, сепак го загуби облогот поради една работа.

Имено, раперот се обложил еден милион долари на Аргентина, но дека ќе Аргентинците ќе победат во регуларните 90 минути. Тоа не се случи. Аргентина имаше два гола предност во регуларното време, но Французите израмнија. Со резултат 2:2, финалниот натпревар отиде во продолженија.

По продолженијата и пеналите, Аргентина, сепак, го освои шампионатот, но тоа не беше она што Дрејк го прогнозираше во својот облог. Така, раперот изгуби милион долари, а ако погодеше ќе добиеше 2,7 милиони долари.

Инаку, многу негови обожаватели по овој облог се загрижија бидејќи Дрејк нема среќа со обложувањето.

Претходно дури се појави и терминот „проклетството на Дрејк“, откако обожавателите сфатија дека кога раперот носи некој дрес на репрезентацијата, таа има тенденција да губи натпревари.

Инаку, Дрејк е голем љубител на спортот, особено на НБА тимот Репторс од неговиот роден град Торонто, чиј е и глобален амбасадор.

ФОТО | На Аргентинците им се „стемни“: Дрејк уплати милион евра за нивна победа

Меси најдобар играч на Светското првенство, Мартинез најдобар голман

ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларно финале: Меси и Аргентина се светски шампиони!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот