ФОТО | На Аргентинците им се „стемни“: Дрејк уплати милион евра за нивна победа

Фото: Дрејк / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Познатиот рапер Дрејк важи за голем фан на спортот, меѓутоа во јавноста изгради и статус на голем „малер“.

Веќе е добро познато дека обично тимот за кој навива Дрејк губи. Денес се игра големото финале на Светското првенство, а Дрејк сакаше да биде и сега во игра, па уплати милион долари на победа на Аргентина во регуларниот дел.

Потенцијалната добивка за Дрејк изнесува 2.75 милиони долари. Голем влог имаше Дрејк и пред два месеци кога се играше „Ел Класико“, тогаш уплати над 600.000 евра на победа на Барселона, а додаде и уште Арсенал да слави со Лидс. За негова жал Реал Мадрид ја победи Барселона и тој остана без добивката која изнесуваше 3.9 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот