Клима уред
Фото: Unsplash

Како вашиот дом да мириса пријатно со помош на клима уредот?

Топлите денови се незамисливи без клима уредите кои совршено го разладуваат приватниот и работниот простор и со тоа овозможуваат полесно да ги извршуваме нашите секојдневни активности, а спиењето трае подолго и без прекин. Но, освен што го ладат вашиот воздух, тие исто така можат да направат да го исполнат станот со пријатна миризба.

Со цел просторот во кој престојувате во текот на летните месеци да биде исполнет со мирис, без користење на миризливи свеќи или апарати кои дополнително трошат електричната енергија, искористете го вашиот клима уред. Постапката е многу едноставна, потребно ви е едно парче хартија и есенцијално масло.

Под крилото низ кое струи студениот воздух на уредот, залепете го парчето хартија на кое претходно нанесовте неколку капки од вашето омилено етерично масло. Прикачете го парчето хартија со самолеплива лента. Протокот на воздух и миризливи ноти веднаш ќе се прошират низ собата.

Можете да го изберете мирисот по ваш избор, а доколку ако сакате да креирате релаксирачка атмосфера, изберете есенцијално масло од лаванда. Еукалиптус и пеперминт ќе го прочистат воздухот, додека сите цитрусни масла и розите ќе придонесат за подигнување на расположението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот