Како се снимала „жешката“ сцена меѓу Реља и Камка во серијата „Беса“: На режисерот му било најтешко

беса
Фото: Принтскрин/Јутјуб/IMDB

Втората сезона на серијата „Беса“ ја воодушеви српската публика, а меѓу новите ликови беше и српскиот пејач Реља Поповиќ, кој според многумина одлично се снаоѓа во актерските води, пренесуваат српските медиуми.

Големо внимание привлекоа сцените на жесток секс што Реља во серијата ги има со нашата позната актерка Камка Тоциновски, а за нив беше задолжен режисерот Милан Тодоровиќ.

„Тој стана мојот омилен локален актер. Никогаш не сум слушнал за него пред серијата. Кога ми кажаа дека е во групата „Елитни одреди“, првото нешто што го прашав беше: „Луѓе, како тој ќе игра волку важна улога?“. По снимањето се прашував досега не глумел во секој домашен филм или серија. Тој е феноменален актер. На снимањето дојде подготвен“, рекол Милан.

Реља и Камка ги снимале секс сцените уште на самиот почеток од снимањето

 

„Кога ги правиме тие сцени, излегуваат сите што не треба да бидат на сетот. Потоа правиме пробно снимање кога актерите се облечени, а потоа се соблекуваат. Тие сцени ми се најтешки за работа. На крајот тие се голи и морам да им кажам  малку подобро да водат љубов или да го намалат доживувањето. Да беше филм, би ги тргнал и чаршафите, но во серија не сте во позиција да го направите тоа. Серијата се прикажува и на телевизија, па мораше некои работи да бидат сокриени. Беше страшно што и за Релја и за мене тоа беше прва сцена во серијата. Сепак некако го тргнавме тоа од дневен ред па Камка и тој беа поблиски во продолжението на приказната“, открил режисерот.

Инаку„Беса“ е српска криминалистичка ТВ серија, дело на Тони Џордан, работена по оригинална идеја на Срѓан Шапер. Серијата постигна голем успех во Србија, а истата е снимана на повеќе од двеста локации во повеќе земји како Естонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот