ФОТО | Како Наташа со години ѝ помага на Кејт Мидлтон, без никој да знае: Била покрај принцезата и додека таа се оперирала

Кејт Мидлтон / Наташа Арчер / Фото: Профимедиа / Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia

Наташа Арчер е една од ретките луѓе кои имале пристап до Кејт Мидлтон додека престојувала во приватна лондонска болница, по операцијата на абдоменот на која беше подложена минатата недела. Таа со години е лична асистентка на сопругата на принцот Вилијам. Таа ѝ помогна на принцезата од Велс во клучните моменти, така што таа соработка, како и пријателството, траат.

Наташа Арчер заминува од аеродромот во Варшава, по турнејата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во Полска и Германија/ Фото: Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia
Наташа Арчер заминува од аеродромот во Варшава, по турнејата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во Полска и Германија/ Фото: Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia

Кејт Мидлтон престојуваше 14 дена во болница, а сега се опоравува дома во Виндзор. Мајката на две деца Наташа Арчер, која е во брак со фотографот Крис Џексон, била покрај принцезата од Велс во текот на нејзините најголеми животни настани во изминатата деценија, од раѓањето на децата до турнеите во странство.

Таа успеала да остане подалеку од центарот на вниманието, а нејзината поддршка за Кејт Мидлтон е непоколеблива. За кралското семејство почнала да работи во 2007 година, откако дипломирала шпански на Кралскиот колеџ во Лондон. Го посетувала приватниот интернат при училиштетот Упингем каде што се стекнала со високо познавање на англискиот, шпанскиот и италијанскиот јазик и уметноста. Таа живее во Барнс, Лондон, а најпрво била асистентка на принцот Вилијам и принцот Хари. Пред 10 години станала стилистка на Кејт Мидлтон и ги дизајнирала нејзините модни изданија за нејзината турнеја низ Австралија. Кралицата Елизабета Втора барала принцезата да изгледа повеќе „кралско“, што Наташа го спровела во дело, а Кејт тоа никогаш не го заборавила. Тој потег бил пресуден за угледот на сопругата на Вилијам.

Наташа Арчер на аеродромот во Индија при посетата на Кејт и Вилијам на Индија/ Фото: Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia

– Главната улога на Наташа е да биде асистентка, но во последните неколку месеци ѝ помагаше на Кејт како советничка за стил. Наташа и Кејт одлично се согласуваат. Секогаш ја поддржуваше и советуваше принцезата која го сака стилот на Наташа – се зборувало претходно.

Наташа исто така имала задача да го промени стилот на облекување на принцот Вилијам, откако било коментирано дека тој се облекува како агент за недвижности. За него таа ги избрала костумите на „Gieves & Hawkes“, но никогаш капутите со двојно закопчување, што ги носи кралот Чарлс Трети. Нејзина заслуга е што принцот Вилијам по низа години престанал да носи бели патики.

Како Кејт го промени стилот со неа

Наташа Арчер ја охрабрила Кејт да експериментира со стилот, таа била задолжена за нејзините стајлинзи во текот на нејзината посета на Канада во 2016 година и познатиот коктел фустан Preen. Наташа Арчер, која го нарекуваат Таш, избрала за принцезата и фустани преку интернет, набавувајќи и по стотици модели за да го најде вистинскиот, напиша „Ванити фер“.

– Таа ја убеди Кејт повеќе да ризикува – вели изворот.

Кејт Мидлтон и Наташа Арчер пристигнуваат на аеродромот во Канада, во текот на кралската турнеја / Фото: Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia
Кејт Мидлтон и Наташа Арчер пристигнуваат на аеродромот во Канада, во текот на кралската турнеја / Фото: Dominic Lipinski / PA Images / Profimedia

Кејт во 2019 година беше пофалена за нејзиниот стил во Пакистан, нејзиното тајно модно оружје биле токму советите на Наташа. Таа ја запознала со пакистанската дизајнерка Махин Кан, чии креации претходно ги пронашла во Лондон. Креаторката подоцна дизајнирала модели за британскиот двор.

Споменатата дизајнерка, која на Исток ја нарекуваат Коко Шанел, била креаторка на три модни изданија на принцезата од Велс, додека траела официјалната посета.

– Бев многу импресионирана од нејзината венчаница: беше едноставна и убава. Има долг врат како лебед, како балерина. Затоа, кога ме замолија да направам облека по нарачка, инстинктивно направив деколте слично на она на нејзината венчаница – рекла таа и истакнала дека имала слобода во креирањето.

Познатиот фустан пред крилото Линдо

Наташа е толку доверлив член на персоналот што била една од ретките луѓе што ја посетиле Кејт Мидлтон откако таа се породи во крилото Линдо во Лондон.

Во 2013 година, Наташа била видена како влегува во болницата за да го предаде синиот фустан на Џени Пекам во кој Кејт подоцна се појави пред породилното одделение со принцот Џорџ во рацете. Интересно е што и двете се породиле во 2018. Таа година е роден принцот Луис.

Сопругот на Наташа работи и за палатата како фотограф, па ги придружува истакнатите членови на патувањата. Од друга страна, нивната венчавка ја фотографирал Мет Портеус, по предлог на принцезата и принцот од Велс.

Пред пет години Наташа стана членка на Кралскиот викторијански ред, пишува „Дејли мејл“.

Наташа Арчер со сопругот Крис / Фото: Richard Young / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | „Божиќ 1983“: Девојчето на оваа фотографија е една од најмоќните жени на денешницата

ФОТО | „Божиќ 1983“: Девојчето на оваа фотографија е една од најмоќните жени на денешницата

ФОТО | На познатата Србинка чии фустани ги обожава Кејт Мидлтон, Бакингемската палата ѝ го врачи најпрестижното признание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот