ФОТО | „Божиќ 1983“: Девојчето на оваа фотографија е една од најмоќните жени на денешницата

Фото: Инстаграм/Кејт Мидлтон

На официјалните профили на принцот и принцезата од Велс, денеска беше објавена фотографија од детските денови на Кетрин Мидлтон.

На фотографијата, која датира од декември 1983 година, принцезата има неполни две години, а обожавателите на кралското семејство се воодушевени од тоа што принцот Луис многу потсетува на мајка си, кога таа била мала.

Принцезата Кетрин ја објави оваа фотографија во рамки на кампањата „Обликувајќи нè“ („Shaping Us“), која е под водство на принцезата и се фокусира на нејзината мисија да ги поддржува децата во првите години од нивниот живот.

„Споделуваме празнични спомени овој Божиќ, бидејќи #ОбликувајќиНè е за виталното значење на нашите рани години и улогата што ја играат оние околу нас во обликувањето на остатокот од нашите животи“, стои во описот.


Да потсетиме, Кетрин Мидлтон е родена во јануари 1982 година, во богато буржоаско семејство. Таа го запозна принцот Вилијам за време на студирањето. Парот стапи во брак во 2011 година, по десетгодишна врска.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот