ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ преку Дојран влезе во Грција по 18 дена пешачење: Откри колку пари се собрани досега
Пејачот Никола Роквиќ пред 18 дена замина пеш за Грција, поточно тргна во мисија, а крајната цел е манастирот Свети Нектариј Егински.
Роквиќ тргнал кон Егина за да собере средства за својата фондација „Семејство“, која овојпат ќе ги донира парите за детска онкологија.
Никола редовно објавува сегменти од патувањето на Инстаграм, а сега ги извести своите следбеници дека во Грција влегол на 18-тиот ден од аџилакот.
„Драги луѓе, еве влегов во Грција преку Дорјан, пред езерото и сега ги поминувам прекрасните полиња во Грција. Прекрасна природа. Посакувам да сте живи и здрави и благословени од Бога. И да ве информирам дека стигнавме до 19 милиони. Бог да ве благослови, одиме понатаму до нашата цел. Овојпат за детската радост – рекол Роквиќ.
Инаку, Никола Роквиќ пред 19 дена замина од црквата Свети Сава за Грција, а секој ден поминува по околу 35 километри.
Роквиќ, најсреќниот христијански празник – Велигден, го помина со семејството, кое го чекаше во Македонија за да бидат заедно на овој ден, а потоа ја продолжи мисијата.
ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ пешачи низ Струмица кон Грција: Струмичани му подарија ајвар и икона