ФОТО | На познатата Србинка чии фустани ги обожава Кејт Мидлтон, Бакингемската палата ѝ го врачи најпрестижното признание

Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia / H88 / Backgrid UK / Profimedia

Српската модната дизајнерка Роксандра Илинчиќ одамна стана почитувано име во светот на модата, а нејзините креации, покрај бројните познати дами, ги носеше и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Познатата белграѓанка вчера го доби највисокото признание на CBE за нејзиниот придонес во модниот дизајн. Највисокиот орден на Британската империја е витешкиот орден, со кој се наградуваат за придонесите во уметноста и науката, како и за работата со добротворни и социјални организации и јавна служба надвор од државната служба.

Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Добитничка е познатата српска модна дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која во Бакингемската палата се појавила во раскошен фустан во кралска виолетова боја. Генијалноста на нејзиниот дизајн дошол до израз, а класичното црно палто одлично се совпаднало со остатокот од стајлингот.

За Роксанда Илинчиќ пишува и „Дејли мејл“ и наведува дека станува збор за уметничка од Белград.

– Многу размислував за тоа што треба да се носи и што е соодветно за овој настан, но исто така, сакав да внесам и елемент од нешто што го работам и по што сум многу позната, а тоа е скулптурата, архитектурата, уметноста и мислам дека успеав да го спојам сето тоа – одредени традиционални елементи и нешто малку несекојдневно – рекла таа за своето модно издание.

Кејт Мидлтон во креација на Роксанда Илинчиќ / Фото: Anwar Hussein / PA Images / Profimedia

Признанијата ги додели сестрата на кралот Чарлс Трети, принцезата Ана. Британскиот монарх во моментов се опоравува, откако минатиот петок имаше операција на простатата во лондонската клиника. Закрепнувањето ќе трае еден месец, кралицата Камила вчера отвори нов центар во позната болница во Лондон и рече како се чувствува нејзиниот сопруг.

Кејт Мидлтон во креација на Роксанда Илинчиќ / Фото: H88 / Backgrid UK / Profimedia

Кејт Мидлтон исто како и кралот Чарлс Трети паузира од јавните ангажмани поради операција на абдоменот, ќе закрепнува два до три месеци. Поради ваквата ситуација британскиот двор се соочува со извесна двојна криза, а како што беше најавено, дел од обврските ѝ припаднаа на принцезата Ана. Освен во неа, многу очи се вперени и кон нејзиниот брат, принцот Едвард.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот