Како Јапонија го стави коронавирусот под контрола?

Ковид Јапонија
Јапонија/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонија има 5, 5 милијарди заштитни  маски, или 43 заштитни маски по жител, што ги прави достапни за сите граѓани на јапонскиот остров.

Иако се наоѓа во непосредна близина на Кина, Јапонија засега бележи минимална бројка на заразени и починати од коронавирусот. Особена енигма на нискиот број на настрадани од коронавирусот, во услови на светската пандемија, дава и податокот дека Јапонијан не спроведува многу тестови, иако ги има на располагање. Јапонија е една од ретките држави во светот во која во моментов не е воведена вонредна состојба.

Обезбедување стои на мостот над Реката Мегуро за да спречи гужва / 29 март 2020, Токио, Јапонија / ФОТО: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

За разлика од Европа и САД, Јапонија засега регистрираше 1600 заразени и 52 починати. Многумина овие бројки  ги  сметаат како сомнителни и неверодостојни, ако се земе во предвид дека Јапонија е густо населена држава, која има тесни контакти со соседна Кина и Јужна Кореја, држави кои имаат голем број на инфицирани и починати лица. На целата овие сомнежи, се придодава и фактот дека Јапонија има голем број на старо население, што дополнително фрла сомнеж за ваквите бројки од пандемијата.

Луѓето одржуваат дистанца додека се возат во јавен превоз / 29 март 2020 / Токио, Јапонија / EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA
Луѓето одржуваат дистанца додека се возат во јавен превоз / 29 март 2020 / Токио, Јапонија / EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Но, од друга страна владата во Токио, презеде навремени мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот. Уште од самиот почеток владата на Шинзо Абе издздае наредба да се затворат училиштата  и да се откажат сите планирани манифеставции. Во исто вре,ме рестораните и пордавниците останаа отворени а мал број од јапонците останаа да работат од дома.

Млад пар прави селфи пред знакот на Олимписките игри, кои беа откажани поради коронавирусот во Одаиба парк, Токио / 25 март 2020, Токио, Јапонија/ ФОТО: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Сепак, како една од причините за ниската бројка на заразени Јапонски граѓани се приpишува нивната култура на однесување. Јапонците се познати по високата култура на хигиена, честото миење раце и честото испирање на уста и грло со дезинфекциски средства, навика останата од честите хаварии и радијации на нуклераните елктрани.

29 март 2020, Токио, Јапонија /Фото: EPA-EFE/JIJI

Особено што во Јaпаонија изминативе години имаше појава на епидемии како што се САРС и МЕРС, што доплнитено ги навикна јапонците да носат заштитни маски на лицата.

Девојка ги фотографира расцветаните гранки на црешово дрво во Шибуја, Токио /29 март 2020/ Токио, Јапонија / ФОТО: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Владата во Токио има обезбедено редовна количина на заштитни маски. Според официјалните податоци во Јапонија има 5, 5 милијарди заштитни  маски, или 43 заштитни маски по жител, што ги прави достапни за сите граѓани на јапонскиот остров. Како доплнителна заштита од ширењето на Ковид -19 се потенцира и културата и начинот на поздравувањето на Јапонците. Тие за разлика од останатиот свет и пред се Балканот, се поздравуваат на одредена дистанца, со поклонување, без никаков физички контакт, што доплнително го спречува ширењето на вирусот.

етко празна улицата Накамисе во Акусака, Центарот на Токио /29 март 2020, Токио, Јапонија ФОТО: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Сите овие постапки можеби се добар пример за останатите држави во светот, или се можеби една од опциите како да се намали ширењето на коронавирусот, и да и се спречи пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот