Како е распространет разузнавачкиот мозаик на Косово, чија служба доминира и кои разузнавачки извештаи се релевантни за властите во Приштина?

Косово / Фото: VALDRIN XHEMAJ / EPA

Српски „Блиц“ открива дел од разузнавачкиот мозаик на Косово , односно како се однесуваат некои разузнавачки служби што пишуваат во извештаите доставени до нивните матични влади за српските заедница на Косово и на чија поддршка може да смета премиерот Албин Курти за изведување на одредени акции.

Италијнаски војници припадници на КФОР извршуваат вежба наречена ‘OPREH Level II во Ѓаковица, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Офицер на КФОР кој потекнува од една држава членка на ЕУ сведочеше за „Блиц“, изјавувајќи дека по пристигнувањето во Косово, развил добри односи во областите каде што живеат или пак се враќаат протераните Срби на Косово.

Соговорникот на „Блиц“ наведува дека во последните две години, заебележал две групи од по четворица разузнавачи, кои се британски државјани, кои оперираат во реонот на северот на Косово, во интервал од неколку пати неделно. Нивната главна задача е да состават разузнавачки извештаи за севкупната состојба во северно Косово.

Неделава избувнаа немири на Косово / Принтксрин – Блиц.рс

– Британските граѓани, честопати во униформа, престојуваат во сите четири општини на север каде живее српско население. Тие таму разговараат и вршат одредени интервјуа со луѓе од разни профили но разузнавачките извештаи и се исклучиво базирани на негативен контекст. Нивните извештаи секогаш наведуваат дека северот на Косово е полн со криминал, и дека е присутно силно и опасно руско влијание – вели инсајдерскиот извор на „Блиц“ од мисијата на КФОР.

Британските разузнавачки извештаи по многу што се разликуваат од извештаите на останатите разунавачки служби присутни на теренот, и своите извештаи не ги испраќаат ниту на државите од Квинтата ( САД, Франција, Италија, Германија) ниту пак на мисијата на КФОР, туку ги испраќаат исклучиво во амбасадата на Велика Британија во Приштина, посочува изворот на „Блиц“ од КФОР.

printscreen Блиц.рс

Според српски Блиц, Британската амбасада во Приштина тесно ги координира активностите со Амбасадата во Скопје, и се работи многу на таа траса поврзана со потесниот дел од регионот. Целта на операцијата, која се базира на овие извештаи, е да се создаде атмосфера во која северот ќе ослабне, српската политичка структура на Косово ќе пропадне и влијанието на Белград на Косово ќе се намали.

Конечно, ваквите разузнавачки извештаи, кои делумно се базираат на личните проценки, симпатии и лично чувство на членовите на разузнавачкиот тим, се неизбежна ставка врз основа на која дипломатите во Приштина донесуваат одлуки, што доведува до поддршка за изведување на полициски акции на северот, како што тоа беше изведено пред два дена во Митровица и Звечан.

printscreen Блиц.рс

Јавната тајна во Приштина е дека американската амбасада не го оправдува однесувањето и начинот на постапките на Курти. Според Блиц, Курти има поддршка за борба против корупцијата, но не и за еднострани акции. Американската амбасада е чест критичар на прекршување на законот кога станува збор за имотот на Српската православна црква на Косово, тврди авторката на текстот, новинарката на Блиц рс., Жељка Јефтиќ.

Албански војник партиципира во воена вежба / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Амбасадата на САД обично собира информации од север преку индивидуални невладини организации, но и во затворени разговори. На север доаѓа и тим Американци од Бондстил, составен од разузнавачи кои разговараат и со Срби и Албанци.

– За разлика од Британците, извештаите на американските оперативци се доста објективни – вели соговорникот на српски „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот